Последни написи

Гутереш: Загрижувачки се димензиите на предрасудите, расизмот, зголемениот говор на омраза

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази длабока загриженост за предрасудите, расизмот, зголемениот говор на омраза низ светот, во својата порака по повод Меѓународниот ден на ненасилството, и го повика светот да ги прифати вредностите на Ганди за мир, меѓусебно почитување и суштинско достоинство што го споделува секој човек.

За Меѓународен ден на ненасилството ОН го прогласија 2 октомври, денот кога е роден Махатма Ганди, лидерот на независноста на Индија кој стана синоним по својата политичка борба базирана на ненасилна акција.

„За жал, нашиот свет не ги исполнува тие вредности. Сиромаштија, глад и продлабочени нееднаквости. Предрасуди, расизам и зголемен говор на омраза. И морално банкротиран глобален финансиски систем кој ја зацврстува сиромаштијата и го спречува закрепнувањето за земјите во развој“, порачува шефот на ОН Гутереш во својата порака по повод денешниот ден.

Тој истакнува дека светот минува низ растечки конфликти и климатски хаос и стави акцент на инвестирањето во здравјето на луѓето, образованието, пристојните работни места и социјалната заштита.

Latest Posts

Не пропуштај