Последни написи

174 мртви во стампедото и немирите на фудбалски стадион во Индонезија

Најмалку 174 лица загинаа, а 180 се повредени во стампедото и немирите на фудбалски натпревар во Индонезија, соопштија денеска локалните власти, давајќи појаснувања за една од најтешките катастрофи на стадионите ширум светот.

Кога гневните навивачи на поразената домашна екипа синоќа упаднаа на теренот во Маланг, во провинцијата Источна Јава, полицијата употреби солзавец во обид да ја ставии ситуацијата под контролира што предизвика стампедо во кое многумина се задушиле, изјави началникот на полицијата во Источна Јава, Нико Афинта.

– Стана анархично. Навивачите почнаа да ја напаѓаат полицијата, да уништуваат автомобили, изјави Афинта, додавајќи дека турканиците настанале кога навивачите тргнале со трчање кон излезот.

Директорот на една од болниците каде се пренесени повредените изјави дека меѓу загинатите има и петгодишно дете.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо му нареди на Фудбалскиот сојуз на Индонезија да ги прекине сите натпревари од националната врвна лига БРИ Лига 1 додека не заврши истрагата.

Индонезискиот министер за безбедност Махмуд М.Д. во објава на Инстаграм тврди дека стадионот бил исполнет над неговиот капацитет. Тој напиша дека биле издадени 42.000 билети за стадионот кој може да прими само 38.000 лица.

Latest Posts

Не пропуштај