Последни написи

Путин прогласи анексија на Луханск, Донецк, Херсон и Запорижјa

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи анексија на „четири нови региони“. Тој во говорот во Кремљ во петокот ја истакна руската анексија на Луханск, Донецк, Херсон и Запорижјa, региони кои силите на Москва делумно ги зазедоа за време на седуммесечниот конфликт со Украина, пренесе Ројтерс.

„Луѓето од овие региони донесоа одлука. Резултатите од референдумите се познати, добро познати. Сигурен сум дека Федералното собрание ќе ги поддржи четирите нови субјекти на Руската Федерација, зашто тоа е волјата на милиони луѓе“, кажа Путин, тврдејќи дека многу генерации Руси се бореле за овие земји.

Од 23 до 27 септември, во овие региони се одржуваа таканаречени референдуми за анексија. Западните влади и официјален Кијив рекоа дека референдумите го прекршуваат меѓународното право и се принудни и нерепрезентативни.

Latest Posts

Не пропуштај