More

    ИМА денеска ќе ја промовира публикацијата „’Францускиот предлог’: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации (медиумски анализи)“

    Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) денеска (30 септември, петок, 2022 година) ќе ја промовира публикацијата „’Францускиот предлог’: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации (медиумски анализи)“.

    Промоцијата ќе се одржи во Хотелот Сити Парк во Скопје, со почеток во 12 часот.

    Анализите во публикацијата ги идентификуваат карактеристиките и елементите на говорот на омраза, дезинформациите и медиумските манипулации што преовладуваа во јавниот дискурс за време на дебатата за „францускиот предлог“ и го отсликуваат комуникацискиот амбиент во земјата во контекст на предложената рамка за отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

    За сознанијата утврдени од анализите што се дел од публикацијата ќе говорат д-р Катерина Колозова, Зоран Бојаровски, д-р Сефер Тахири, Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини, кој е и модератор на настанот.

    По излагањата на авторите е предвидена и дискусија со учесниците и присутните на настанот.

    Публикацијата е дел од проектните активности на Институтот за медиуми и аналитика ИМА, поддржани од Европскиот фонд за демократија (European Endowment for Democracy) од Брисел.

    Извор: ИМА

    Exit mobile version