More

    „Отворен Балкан“ ги поврза и ТЕАТАРСКИТЕ УМЕТНИЦИ ОД СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

    Претставници на националните театри на Србија, Македонија и Албанија во Белград потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, јавија белградските медиуми.

    Договорот, што беше инициран на неодамнешниот форум „Отворен Балкан“ во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград Светислав Буле Гончиќ, директорот на Националната опера и балет од Скопје Васо Ристов и Абигајла Воштина од Народен театар за опера и балет од Тирана, а дополнително ќе го потпишат и од Македонскиот народен театар.

    „Во Охрид ја претставивме идејата за можност за заедничка соработка на културно ниво, на ниво на размена меѓу Тирана, Скопје и Белград и дојдовме до идеја за формирање ‘Отворен балкански театарски фестивал’, што всушност ќе вклучи размена на искуства, педагози, уметници и изведби“, рече Гончиќ по потпишувањето.

    Изразувајќи надеж дека фестивалот „ќе има позитивно влијание и врз публиката и врз самите творци“, Гончиќ додаде дека во следните неколку месеци ќе се направат подготовки за практично да се спроведе договорот.

    Exit mobile version