Последни написи

Нов пакет оружје од 1,1 милијарди долари за Украина најавија од САД

Соединетите Американски Држави подготвуваат нов пакет оружје во вредност од 1,1 милијарди долари за битката на Украина со Русија, кој ќе биде објавен наскоро, изјавија американските власти во вторникот додека Вашингтон го чека исходот од, како што ги нарекува, „лажните“ референдуми во Украина, ја пренесува Цивилмедиа информацијата на  Ројтерс.

Пакетот ќе биде најновата рата од оружје за Украина додека се бори против руските сили во источна Украина. Официјалните лица кои побараа да останат анонимни рекоа дека пакетот ќе биде објавен наредните денови.

Се очекува да се користат средства од Иницијативата за безбедносна помош во Украина (УСАИ) одобрена од Конгресот за да и дозволи на администрацијата на Бајден да набавува оружје од индустријата, а не од постоечките резерви на оружје во САД.

Пакетот ќе вклучува лансирни системи HIMARS, придружна муниција, разни видови системи за контра дронови и радарски системи, заедно со резервни делови, обука и техничка поддршка, рече извор информиран за планот.

Соединетите Држави внимателно следат како проруските сили спроведуваат референдуми во окупираните области на Украина, а исходот се очекува да биде објавен наскоро.
Вашингтон подготвува нова рунда санкции против Русија доколку Москва ги припои овие области по објавувањето на резултатите од референдумот.

Претседателот Џо Бајден ги осуди референдумите и вети дека САД никогаш нема да ги признаат резултатите.

САД обезбедија повеќе од 15 милијарди долари воена помош за Украина за нејзиниот конфликт со Русија.

Извор: Цивилмедиа

Latest Posts

Не пропуштај