Последни написи

МЕТА оневозможи мрежа за ширење на руска пропаганда во Европа

Компанијата Мета, која ги поседува социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, соопшти дека распространета мрежа за дезинформации со потекло од Русија се обидела да искористи стотици лажни профили на социјалните мрежи и десетици лажни веб-страници за вести за да ги рашири поентите на Кремљ за инвазијата на Украина, пренесoa светските медиуми.

Операцијата  на мрежата е откриена и запрена пред да може да добие голема публика.

Од Фејсбук изјавија дека тоа е најголемиот и најкомплексен руски пропаганден напор што го открил од почетокот на инвазијата на Украина.

„Операцијата вклучуваше повеќе од 60 веб-страници создадени за да имитираат легитимни сајтови за вести, вклучително и на весникот Гардијан во Велика Британија и германскиот Шпигел“, соопштија од Мета.

Nаместо вистинските вести објавени од тие медиуми, лажните страници содржеле линкови до руска пропаганда и дезинформации за Украина. Повеќе од 1600 лажни Фејсбук профили беа искористени за ширење на пропагандата до публиката во Германија, Италија, Франција, Велика Британија и Украина.

Лажните наводи на социјалните мрежи потоа се користеле за ширење врски до лажните вести и други проруски објави и видеа на Фејсбук и Инстаграм, како и платформи вклучувајќи Телеграм и Твитер.

Мрежата била активна цело лето.

Мета соопшти дека помала таква мрежа со дезинформации со потекло од Кина исто така била откриена и спречена да делува.

Извор: Мета

Latest Posts

Не пропуштај