Последни написи

Путин на 30 септември во руската Дума ќе ја објави анексијата на окупираните територии на Украина кон Русија

Рускиот претседател Владимир Путин најверојатно ќе ја објави анексијата на окупираните региони на Украина кон Руската Федерација за време на неговото обраќање во парламентот на 30 септември, се вели во објавата на британското Министерство за одбрана денеска на Твитер.

Референдумите кои се спроведуваат во Доњецк, Запорожја, Керсон и Луганск треба да завршат денеска.

„Руските лидери речиси сигурно се надеваат дека секоја најава за пристап ќе се смета за оправдување на специјалната воена операција и ќе ја консолидира патриотската поддршка за конфликтот“, се вели во утринското соопштение на Министерството за одбрана на Велика Британија.

Latest Posts

Не пропуштај