Последни написи

Масовни протести и немири во Дагестан, жителите на оваа кавкаска република одбиваат да заминат на воените жаришта во Украина

Стотици луѓе во републиката Дагестан протестираа против „делумната“ мобилизација на претседателот Владимир Путин за војната во Украина втор ден по ред, објавија локалните медиуми во понеделникот, пренесува Москоу Тајмс.

По масовната тепачка меѓу демонстрантите и полицијата во главниот град на оваа севернокавкаска република Махачкала, приведени се уште околу 20 демонстранти, откако руската полиција уапси повеќе од 100 луѓе на масовниот протест во овој град во неделата

За регионалниот промосковски лидер Сергеј Меликов „протестите во Махачкала беа подготвени и контролирани од странство“.

Реакциите и масовните протести во Дагестан – сиромашна република со мнозинско муслиманско население во Северен Кавказ – дојдоа откако во војната на Кремљ во Украина најмногу пријавени жртви има од оваа република.

Latest Posts

Не пропуштај