Последни написи

МНР го осуди говорот на омраза на натпреварот Северна Македонија – Бугарија

Министерството за надворешни работи упати јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија.

Во реакцијата на МНР се вели дека „спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла“.

Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи, пишува во рекацијата на МНР за говорот на омраза на вчерашниот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија.

Извор: МНР

Latest Posts

Не пропуштај