More

    Маж со кукаст крст убил 15 луѓе во училиште во Русија каде што учел

     

    Бројот на жртвите во пукањето во училиштето во Ижевск се зголеми на 15 лица, од кои 11 се деца, соопшти РИА Новости, повикувајќи се на владини извори: „Како резултат на злосторството, повредени се 39 лица, од кои 15 загинале, од кои 11 деца и 4 возрасни. Повредени се 24 жртви, од кои 22 деца и 2 возрасни“, соопшти Министерството.

    И Ројтерс соопшти дека вооружен маж со кукаст крст на маицата убил 15 луѓе, меѓу кои 11 деца, а ранил 24 во понеделник во училиште во Русија пред да се самоубие, наведувајќи ги како извор истражителите.

    Напаѓачот убил двајца чувари, а потоа отворил оган врз учениците и наставниците во училиштето број 88 во Ижевск, каде што некогаш бил ученик.

    Руските истражители изјавиле дека се вршат проверки дали напаѓачот облечен во црно, со кукаст крст исцртан на неговата маица е приврзаник на неофашистички ставови и нацистичка идеологија.

    Exit mobile version