More

    ЕК ги повика земјите членки да го финализираат Фронтекс со Северна Македонија

    Европската Комисија поднесе предлог за потпишување и склучување на договор меѓу ЕУ и Северна Македонија за Фронтекс, јави дописничката на МИА од Брисел, пренесува Цивилмедиа.

    Европската Комисија предлогот за договор со граничната и крајбрежна агенција на ЕУ, Фронтекс, го поднесе на 23 септември до Советот, т.е. земјите членки на ЕУ. Договорот е блокиран поради Бугарија која не се согласуваше со употребата на терминот „македонски јазик“ во текстот на договорот.

    Во соопштението на ЕК се наведува дека предлогот ќе помогне да се зајакне капацитетот на Фронтекс во најблиското соседство на ЕУ, преку помош за властите во земјава да се справат со нерегуларна миграција, борба против шверц и засилена безбедност на надворешните граници на ЕУ.

    Комисијата потсетува дека договорот со Северна Македонија ќе содржи и „силни одредби за заштита на темелните права“. Предлогот сега треба да го одобрат земјите членки на ЕУ за да може договорот да биде финализиран и да стапи на сила.

    Извор: Цивилмедиа

    Exit mobile version