More

    Околу 17 илјади Руси викендов ја минале границата со Финска

    Речиси 17 илјaди руски граѓани овој викенд ја преминале границата со Финска, што е за 80 проценти повеќе отколку претходниот, соопштија денеска финските власти, пренесува Цивилмедиа.

    Финската погранична служба соопшти дека граничниот сообраќај изутринава е намален, но оти сообраќајот и натаму е поинтензивен споредбено со претходните недели.

    „Редовите се’ уште се малку подолги отколку што беа од пандемијата“, велат од службата.

    Наредбата за делумна мобилизација во Русија резултираше со протести низ земјата, апсења демонстранти и заминување руски граѓани во странство.

    Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто во петокот изјави дека земјата ќе го забрани влезот руски туристи.

    Тој појасни дека забраната за влез важи за сите што ја преминуваат границата како туристи, без разлика дали патуваат со шенген-визи издадени од Финска или друга земја.

    Според високо фински дипломат, забраната нема да важи за Русите кои влегуваат во земјата да работат, студираат или да ги посетат роднините.

    Извор: Цивилмедиа

    Exit mobile version