Последни написи

Во Германија говорот на омраза на интернет ќе ти донесе полиција пред врата

Додека повеќето западни демократии како Соединетите Американски Држави избегнуваат да го контролираат интернетот поради правата на слобода на говорот, Германија почна кривично да ги гони луѓето за говор на омраза на интернет, објави вчера Њујорк Тајмс.

Во изминатиот период германските власти влегоа во околу 100 домови ширум земјата како дел од координираната акција, и објавија дека овие активности ќе продолжат и во иднина.

Откако, врз основа на пријави и основани сомневања обезбедија докази за навреди, закани и малтретирање преку интернет, германските власти покренаа и судски постапки по што, по утврденото сторено кривично дело, следуваа парични казни од неколку илјади евра, а за некои сторители без изречени и затворски казни.

Latest Posts

Не пропуштај