Последни написи

Вучиќ: Западните земји ќе се обидат да ја исклучат Русија од Советот за безбедност на ОН, Србија нема да учествува во тоа

Србија нема да гласа за исклучување на Русија од Советот на безбедност, изјави претседателот на оваа земја Александар Вучиќ за време на неговата посета на Обединетите нации во Њујорк за да присуствува на 77-то Генерално собрание, посочувајќи дека за таква одлука е потребно двотретинско мнозинство, пренесуваат медиумите во Србија.

Србија нема да гласа за тоа имајќи предвид оти исклучувањето на Русија негативно ќе се рефлектира и врз Србија, особено, како што кажа српскиот претседател, во однос на Косово.

„Речиси сум сигурен оти западните сили ќе се обидат да ја исклучат Русија од Советот на безбедност на Обединетите нации“, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Во рамките на 77-та сесија на Генералното собрание на ОН, Вучиќ синоќа имаше средба со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров.

 

Latest Posts

Не пропуштај