Последни написи

Ковачевски за ВОА: Имаме голем број на хибридни напади, но има и политички партии кои се противат на нашето членство во НАТО и во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за Гласот на Америка истакна дека  имаме голем број на хибридни напади кон владини институции, но и дека има и политички партии кои се противат на нашето членство во НАТО и во ЕУ:

 

„Балканот секогаш бил под геостратешки интерес и на Руската федерација, но и на други земји, кои не сакале да го видат регионот дел од ЕУ и од НАТО. Тие имаат влијание кое се одразува негативно на тие европски интеграции. Ме прашавте конкретно какво е тоа влијание? Тоа влијание се одвива во повеќе правци. Ние сме сведоци дека сега имаме голем број на хибридни напади во делот на владините институции што се случува и во Албанија, но има и политички партии кои се противат на нашето членство во НАТО и во ЕУ“, истакна Ковачевски.

 

Прашан за кои партии конкретно станува збор, Ковачевски одговори:

 

„Најконкретно, е партијата Левица, за кои гледате дека имаат отворена соработка со партии од Русија, меѓутоа мене ме загрижува и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, кое секогаш се противи на стратешките интереси на државата. Тие беа против Преспанскиот договор и зачленувањето во НАТО, а сега беа против предлогот на Европскиот совет, преговарачката рамка и отпочнување на преговорите со ЕУ, за подоцна да се затскријат зад македонските граѓани, почнаа една против-уставна иницијатива за референдум, и ја поддржуваат иницијативата која ја промовира Левица, која се однесува на стопирање на државата на патот кон ЕУ. Сметам дека тоа е апсолутно погрешно и спротивно на стратешките интереси на државата и за што граѓаните пред 31 година го одлучиле со создавањето на своја независна и суверена држава“, истакна Ковачевски, во интервју за Гласот на Америка.

Latest Posts

Не пропуштај