Последни написи

Ковачевски во ООН: Русија мора веднаш да ја прекине агресијата и да ги повлече своите трупи од Украина

„Сакам јасно да ја пренесам пораката на мојата земја: непредизвиканата агресијата на Руската Федерација врз Украина претставува флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации, како и на нормите и принципите на меѓународното право“, рече  премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на 77-то Генерално Собрание на ООН.
„Таа не може да се оправда, ниту да се релативизира. Руската Федерација мора веднаш да ја прекине агресијата и да ги повлече своите трупи од Украина. Историјата ни потврдува дека ниту еден проблем не може да се реши по насилен пат. Прекинувањето на агресијата е неопходност, предуслов да се отвори единствениот можен пат до решението. Тоа е патот дипломатијата и дијалогот, којшто може и мора да биде единствениот механизам за разрешување на споровите и предизвиците меѓу државите“, изјави  премиерот Ковачевски.

Latest Posts

Не пропуштај