More

    Во регионите Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје, денеска започнува референдумот за приклучување на овие територии на Русија

    Во регионите Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје, денеска започнува референдумот за приклучување на овие територии на Русија и ќе трае до 27 септември.

    Кампањата за референдумот во овие четири територии на Украина под контрола на Кремљ, се засили по контраофанзивата со која Украина врати под своја контрола делови од овие региони.

    За Украина и западните земји референдумот е во спротивност со меѓународното право и повелбата на ОН и зазедоа категоричен став дека ниту референдумот, ниту резултатите од него нема да ги признаат како легитимни.

    Според аналитичарите и лидерите на западноевропските земји и САД, Путин планира референдумите во овие региони, кои очекува да завршат со одлука тие да и се приклучат на Руската Федерација за да има покритие дека Украина ја напаѓа руската територија и се заканува со употреба на нуклеарно оружје.

    Путин неколку дена претходно рече дека ќе ги користи сите системи за оружје што му се достапни како одговор на заканата за територијалниот интегритет на Русија, а американскиот државен секретар Антони Блинкен на вчера ги повика членките на Советот за безбедност на ОН „да испратат јасна порака дека овие непромислени нуклеарни закани мора веднаш да престанат“ и ги оцени намерите на Русија да анектира повеќе украинска територија „уште една опасна ескалација, како и отфрлање на дипломатијата“.

    Exit mobile version