More

    Речиси една третина од населението во централна Европа и балтичките земји се силно погодени од дезинформациите

    29% од населението на Централна Европа и Балтикот изјавиле дека се силно погодени од дезинформациите во медиумите.

    Ова чувство e најмногу изразено кај жителите на Унгарија, каде што со оваа констатација се согласуваат и половина од населението.

    Проблемот со дезинфорамциите, според ова истражување, станува посериозен кога ќе се земе предвид дека најголем процент граѓани се изјасниле како средно-силно погодени.

    Оваа статистика е дел од истражувањето спроведено од агенцијата ИПСОС, кое беше спроведено во соработка со Централноевропскиот истражувачки конзорциум познат како Централноевропска опсерваторија за дигитални медиуми (CEDMO).

    Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 18-65 години од популациите на Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Австрија, Литванија, Летонија и Естонија.

    За разлика од Унгарија, истражувањето покажа дека Австрија и Латвија се најрезистентни на влијанијата на дезинформациите, додека во Чешка, 27% од населението признава дека е силно погодено од дезинформациите.

    Истражувањето уште покажа дека и мажите и жените се подеднакво погодени, е нема разлика дури ни во однос на категоријата возраст.

    Кај повеќе од половина од населението (52%) од испитаните земји утврдено е дека лековерноста на луѓето кои ги консумираат дезинформациите е прочината за оваа состојbа, а 42% ги обвинуваат странските актери за ширење на дезинформации. Според Словаците, Литванците и Естонците, странските актери најмногу придонесуваат за дезинформациите.

    Секој четврти граѓанин на земјите вклучени во истражувањето смегтаат дека владините комуникациски политики придонесуваат и за проблемот со дезинформациите. Ова мислење најчесто го имаат Унгарците, каде со оваа констатација се согласуваат 58% од населението.

    Exit mobile version