Последни написи

На 6 октомври во Прага ќе се одржи првиот состанокот на Европската Политичка Заедница, поканета е и Северна Македонија

Претседателот на Европскиот Совет и чешкото претседателство ги испратија официјалните покани до сите земји учеснички во Европската Политичка Заедница (ЕПЗ), меѓу нив и Северна Македонија, за учество на првиот состанокот на шефови на држави и влади на ЕПЗ.

На 6 октомври во Прага, освен 27-те земји членки на ЕУ во ЕПЗ поканети се да земат учество и Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Лихтенштајн, Молдавија, Црна Гора, Норвешка, Србија, Швајцарија, Турција, Украина и Велика Британија.

Како што беше објавено за време на промоцијата на ЕПЗ како идеја на претседателот на Франција Емануел Макрон, Европската политичка заедница е замислена како платформа за политичка координација за сите земји на широкиот европски континент за да се координираат и комуницираат за сите теми за кои имаат заеднички интерес во интерес на стабилноста, безбедноста и економскиот напредок на континентот.

Од институциите на ЕУ во Брисел инсистираат дека ЕПЗ во ниту еден случај нема за цел да ги замени постојните организации, структури и процеси на ЕУ.

Latest Posts

Не пропуштај