Последни написи

Кадиров одбива послушност: Во Чеченија нема да има мобилизација, ги исполнивме нашите обврски

Рамзан Кадиров, верниот сојузник на Путин, изјави дека нема да има мобилизација во Чеченија.

Според него, досега 20 000 Чеченци војувале во Украина и Чеченија ги исполнила сите обврски и планови кон Москва.

Пред два дена во Грозни, главниот град на Чеченија, се одржа мал протест против мобилизацијата, но Кадиров им се закани на сите што ќе протестираа и додаде дека чеченските мајки и сопруги можат да останат спокојни, затоа што  нема да има мобилизација на членовите на нивните семејства.

„Затоа, го повикувам населението на Чеченската Република, особено нашите мајки, да останат смирени“, рече тој во настап во една телевизиска емисија.

Пред два дена Владимир Путин нареди „делумна“ мобилизација во Русија за украинската војна, со цел да се регрутираат 300 000 лица.

Веднаш штом беше најавена ваквата регрутација, на граничните премини се формираа километарски колони за излез, а летовите од Русија до европските држави се распродадоа.

Latest Posts

Не пропуштај