Последни написи

Лавров денеска ќе се соочи со колегите од Советот за безбедност откако Украина повика ОН да основаат специјален суд за злоосторствата на Русија

Украина ги повика Обединетите нации и меѓународната заедница да основаат специјален трибунал за воените злосторства на Русија и да и го одземат правото на вето на Советот за безбедност на ОН на Москва.

„Извршено е злосторство против Украина и бараме праведна казна“, рече во обраќањето на Генералното собрание на ОН претседателот Володимир Зеленски.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе се соочи со украинските и западните колеги на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која ќе присуствуваат генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан.

Досега Советот за безбедност не можеше да преземе мерки за Украина бидејќи Русија е постојана членка со право на вето, заедно со САД, Франција, Велика Британија и Кина.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој разговараше со Путин многу пати оваа година, уште еднаш пповтори дека целта останува постигнување мир преку преговори и покрај „грешката“ со мобилизацијата.

Масовното регрутирање можеби е најризичниот домашен потег во двете децении на власт на Путин, откако Кремљ вети дека тоа нема да се случи и после низа неуспеси на бојното поле во Украина, пренесуваат денеска светските медиуми.

Во антивоените протести во 38 руски градови дента кога беше објавен проглсот за мобилизација беа уапсени 1.400 луѓе, и откако голем број граѓани веќе добија покани се пријават во канцелариите за мобилизација, пренесуваат дел од независните медиуми во Русија.

Во меѓувреме сите летовите од Русија кон дестинациите до кој се’ уште може да се лета, се распродадени во рекордно време по изјавата на Путин за масовна мобилизација.

„Секој нормален човек е загрижен, тоа е ужасно“, рече еден човек, идентификувајќи се само како Сергеј, слегувајќи во Белград по летот од Москва, пренесува денеска Ројтерс.

 

Latest Posts

Не пропуштај