Последни написи

Експресна осуда со казна затвор за загрозување на сигурноста преку Фејсбук кон актуелниот градоначалник на Кавадарци

Во соопштението на Основен суд Кавадарци од 22.09.2022 стои дека за Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од КЗ, судот донел пресуда со која обвинетиот го огласил за виновен и му изрекол казна затвор во траење од 8 месеци:

 

„Основен суд Кавадарци известува дека денес, 22.09.2022 година по одржаната главна јавна и усна расправа по Кривичниот предмет К.бр.191/22 спрема обвинетиот З.Б. од Кавадарци за кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од КЗ, судот донесе пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 8 месеци.“

 

На 22 август 2022, ОЈО Кавадарци издаде соопштение „Еден осомничен за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци“:

 

„Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик.

Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатил закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.

Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена на осомничениот.“

Latest Posts

Не пропуштај