More

    Путин нареди делумна мобилизација

    Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември потпиша указ за „делумна мобилизација“, која ќе започне веднаш, јави Укринформ според видео-обраќањето на Путин до нацијата, пренесува Цивилмедиа.

    Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сега ќе бидат повикани 300.000 резервисти да се борат во Украина. Со „делумната мобилизацијата“ ќе бидат опфатени само оние граѓани кои се во воена резерва, пред се оние кои служеле во редовите на вооружените сили, со стекнати одредени воени специјалности и соодветно искуство, рече рускиот претседател.

    Путин изјави дека регрутите ќе поминат дополнителна воена обука пред да бидат испратени во нивните бази.

    Тој исто така најави дека Русија ќе го признае исходот од „референдумот“ за „пристапување кон Русија“, што лидерите на „ЛПР/ДПР“ и локалните соработници во регионите Керсон и Запорожје одлучија да го одржат овој месец.

    Како што е соопштено, по започнувањето на  контраофанзива на украинската војска на истокот на Украина, лидерите и соработниците на „ЛПР/ДПР“ на териториите заземени од Русија во регионите Керсон и Запорижја рекоа дека ќе одржат „референдуми“, закажувајќи ги за 23-27 септември.

    Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека секој таков нелегитимен „референдум“ ќе биде ништовен и ги повика меѓународните партнери силно да ја осудат намерата на Русија да одржи нелегално гласање, да воведе нови санкции и да ја признае Русија како државен спонзор на тероризмот.

    Лидерите на западните сили веќе изјавија дека нема да ги признаат исходите од лажните референдуми.

    Извор: Цивилмедиа

    Exit mobile version