More

    Навални објави видео на кое се гледа како приватната воена компанија „Вагнер“ регрутира руски затвореници

    Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, осуден на долгогодишен затвор од руските судови објави видео на кое, како што вели, се гледа наводното регрутирање руски затвореници за да се борат во Украина од страна на „Вагнер“, приватна воена компанија чии платеници се бореле во Сирија, а наводно биле видени и во Африка. Тие се борат и во Украина, пишува Скај Њуз.

    Навални, кој моментно се наоѓа во затвор во Русија, на Твитер прашал што може да постигне армија од убијци, разбојници и бандити во борба, споредувајќи ја руската стратегија со заплетот на филмовите на DC Comics.

    Во видеото што го објави Навални се гледа како сојузникот на Владимир Путин, Евгениј Пригожин од „Вагнер“, им нуди помилување на руските затвореници од затворот Јошкар-Ола во западна Русија. Пригожин на снимката им вели дека ќе бидат помилувани доколку се борат со групата „Вагнер“, но дека ќе бидат убиени доколку дезертираат кога ќе пристигнат во Украина.

     

    Exit mobile version