Повеќе од 100 лица се приведени низ цела Русија за време на протестите против мобилизацијата, соопштуваат организациите за човекови права, пренесуваат светските медиуми, откако неколку часа претходно претседателот Владимир Путин го потпиша указот за ангажирање на резервниот состав на армијата за прв пат по Втората светска војна.
Независните групи за следење на протестите соопштија дека во најмалку 15 различни градови полицијата ги спречувала протестите и ги приведувала граѓаните.
Според руските закони за протести, неодобрените собири се незаконски.