Последни написи

Ердоган: Путин е подготвен за преговори, освоените територии треба да му се вратат на Киев, вклучувајќи го и Крим

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во интервју за Јавниот радиодифузен сервис на САД (PBS), вели дека Владимир Путин е подготвен да разговара за крај на војната.

– Бевме заедно во Узбекистан, имавме долги разговори. Тој покажа знаци дека е подготвен ова да заврши што поскоро. Тоа беше мојот впечаток, изјави Ердоган за ПБС додавајќи дека е договорена размена на 200 затвореници.

Ердоган вели дека му рекол на Путин да го врати Крим на неговите вистински сопственици.

– Од 2014 година на мојот драг пријател Путин му зборуваме за тоа и го баравме тоа од него. Баравме Крим да им се врати на вистинските сопственици. Тие се и наши потомци кои живеат таму, рече Ердоган, додавајќи дека ниту еден чекор во таа насока никогаш не бил направен.

На прашањето како треба да изгледа крајот на војната во Украина, Ердоган рече дека земјата што ја освоија Русите мора да му се врати на Киев.

Извор: PBS

Latest Posts

Не пропуштај