More

    Веб-страницата на Министерството за образование и наука е недостапна веќе 10-ти ден

    Со денови наназад не е во функција веб-страницата на Министерството за образование и наука (MOН). Ако се обидете да ја отворите, ќе ви се појави порака дека страницата е недостапна: „This site can’t be reached. Мon.gov.mk took too long to respond“, објави денеска МЕТА.

    Мета.мк изминатиов период во неколку наврати пишуваше за паѓањето на интернет страницата на МОН, која за првпат стана недостапна на 18 август, по што во наредните денови повеќе пати „паѓаше“ и беше враќана во функција.

    По хакерскиот напад што се случи пред неполни две недели, а позади кој наводно стои грчки хакерски тим, пристапот до веб-страницата на ова министерство е оневозможен. Во МОН соопштија дека случајот е пријавени дека периодов сее работи на зајакнување на безбедноста на веб-страницата.

    Оттаму пред неколку дена информираа дека сместувањето во студентски домови за бруцошите е во тек и дека аплицирањето се врши електронски, преку поралот „е-услуги“. Овде студентите-бруцоши можат да го најдат и Конкурсот кој од денеска е достапен и таму, како и потребните документи кои треба да се симнат, пополнат и повторно да се прикачат во апликацијата. Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30 септември на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на МОН, која во моментов не е во функција.

    Извор: МЕТА

    Exit mobile version