Последни написи

Расте дипломатскиот притисок врз Путин

Притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин се зголеми не само на бојното поле туку и во форумите конференциите на некои од глобалните сили каде што рускиот претседател сѐ уште има пристап, како што беше Самитот на земјите членки на Организацијата за соработка Шангај што се одржа во Самарканд во Украина, пишува Асошиетед Прес во својот текст „Се зголемуваат воените и дипломатските притисоци врз Путин“ (For Russia’s Putin, military and diplomatic pressures mount).

Серијата последователни пораки со ваква содржина следуваат после пресвртот на борбеното поле во Украина и откако беа објавени повеќе информации за злосторства виз цивилното население за кои има индииции дека се напправени од страна на руските сили.

Воздржаност, но и загриженост соопшти и индискиот премиер Нарендра Моди за време на посетата на Путин на Индија.

Индискиот премиер му рече на Путин „дека сега не е време за војна“ (Њујорк тајмс), откако сè поизолираниот руски претседател се закани со „посериозни“ акции во Украина, истовремено инсистирајќи на тоа дека е подготвен за преговори.

Загриженост за тоа што се случува во Украина беше изразена и од страна на кинескиот претседател Си Џипинг (Гардиан) за време на посетата на Путин 1на Пекинг во четвртокот минатата недела, на што рускиот претседател се заблагодари за „урамнотежената позиција“ Кина, додавајќи дека е подготвен да разговара за „загриженоста“ на Кина.

Latest Posts

Не пропуштај