Обединетото Кралство и светот денеска ја испраќаат Елизабета Втора на нејзиното последно почивалиште.
На церемонијата на државниот погреб присуствуваат стотици монарси, шефови на дави и влади, додека милиони луѓе се на улиците на Лондон каде што помина поворката со ковчегот со починатата кралица за да ѝ кажат последно збогум на кралицата која владееше цели седум децении.
Погребната церемонија во Лондон и Виндзор започна со затворањето на вратите на Вестминстерската хала, каде што во изминатите денови стотици илјади луѓе поминаа покрај ковчегот со телото на кралицата кои со часови чекаа за да ѝ оддадат почит.
Ковчегот беше пренесен во истата кочија со која биле превезени и кралевите Едвард Седми, Џорџ Петти и Џорџ Шести, како и Черчил, а на службата присуствуваат околу 2.000 луѓе, меѓу кои 500 светски лидери и монарси
На погреборт присуствува речиси целото кралско семејство, со иклучок на четиригодишниот правнук на кралицата, Луис.
„Во изминатите десет дена, јас и мојата сопруга бевме длабоко трогнати од сите пораки на сочувство и утеха што ги примивме од целата земја и целиот свет. Додека се подготвуваме да го кажеме нашето последно збогум, сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на безброј луѓе кои беа толкава поддршка и утеха за мене и семејството во ова време на тага“, изјави кралот Чарлс Трети во својата последна порака пред погребот.
Во 16 часот, ковчегот ќе биде пренесен во капелата „Свети Џорџ“ во замокот Виндзор, каде што кралицата ќе биде погребана покрај својот сопруг, принцот Филип