Последни написи

Бајден: Пандемијата со ковид-19 заврши

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пандемијата на Ковид-19 е завршена, во интервју за Си-Би-Ес што беше емитувано синоќа.

– Пандемијата заврши, но сè уште имаме проблем со Ковид, рече Бајден во интервјуто.

Според податоците на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во светот се регистрирани речиси 612 милиони случаи на Ковид 19, а починале повеќе од 6,5 милиони луѓе.

Во САД имаше повеќе од 95 милиони случаи на Ковид-19, а повеќе од еден милион луѓе починаа.

Просечно 390 луѓе сè уште умираат во САД секој ден од компликации откако биле позитивно тестирани за коронавирусот.

САД неодамна одобри две нови вакцини приспособени на доминантната варијанта на вирусот – омикрон.

Latest Posts

Не пропуштај