Последни написи

На 77-то Генерално собрание на ОН високо на агендата се и дезинформациите и говорот на омраза на интернет

Генералното собрание на Обединетите нации, кое оваа година се одржува по 77 пат, утре на централната генерална дебата ќе собере над 150 шефови иа држави и влади, е во сенката на првата голема војна во Европа по Втората светска војна – конфликт што поттикна глобалн економска и енергетска криза, како поделба меѓу големите каква штоо не е запаметена уште од ерата на Студената војна.

Покрај сеопфатните аспекти на војната во Украина, на годинешното генераллно собрание се очекува да доминираат и темите за растечката нееднаквост, ескалирачката климатска криза, заканата од глад во повеќе делови на светот повеќекратни глади, и особено бранот на дезинформации и говор на омраза поттикнат на интернет – сето тоа на врвот пандемија на коронавирус која влезе во третата година.

„Генералното собрание се состанува во време на голема опасност“, рече изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во пресрет на овој настан.

За прв пат после три години, лидерите ќе ги одржат своите говори со физичко присуство во големата сала на Генералното собрание, без посебни мерки за заштита од ковид, со исклучок на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој ќе се обрати преку видео врска.

Република Северна Македонија оваа година на Генералното Собрание на ОН ја претставува претседателот на Владата Димитар Ковачевски, кој како што е најавено, покрај говорот на пленумското заседание, ќе говори и на повече други тематски конференции, и ќе оствари повеќе билатерални средби.

Latest Posts

Не пропуштај