Последни написи

ВМРО: Ковачевски дезертирал од АРМ, СДСМ: Очаен обид да се дефокусира расколот во ДПМНЕ и од аферата 136 милиони евра со Данела

Премиерот Димитар Ковачевски дезертирал од Aрмијата на Република Македонија во 2001 година година прикажувајќи се како трајно неспособен, ова денеска на прес конференција го изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки, откако  вчера од пратијата најавија дека че откријат скандал за претседателот на Владата.

Во своето обраќање на прес конферемцијата, Ковачки изјави дека Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок во периодот на воениот конфликт во 2001 година како „трајно неспособен“.

Тој го повика премиерот во рок од 24 часа да каже дали навистина е трајно неспособен или „лажел пред инситуциите и лекарите“.

„Доколку е навистина трајно неспособен тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција. Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер“, рече Ковачки од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ.

На тврдење на ВМРО-ДПМНЕ од СДСМ воозвратија исто така со прес конференција.

„Мицкоски, шпицниот градоначалник, заедно со ВМРО-ДПМНЕ преку измислици се обидуваат да го оттргнат и да направат дефокус на она што се случува и во ВМРО-ДПМНЕ, односно расколот што се случува и со Данела Арсовска, но и она што денеска се случува со Никола Мицевски, рече портпаролот на СДСМ Дарко Каевски коментирајќи ги денечниот обвинувања на сметка на премиерот Димитар Ковачевски кои ги изнесе пратеникто на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

„Очигледно се обидуваат да го свртат вниманието со цел да не одговорат на она што граѓаните го очекуваат како одговори, односно која е улогата на шпицниот градоначалник во тендерот вреден 136 милиони евра и денеска преку измислици преку воениот дезертер Ковачки се обидуваат повторно да ја скриат вистината и да не даваат одговори на она што граѓаните го очекуваат и токму оттука ќе го повикам да даде одговори за тоа која е неговата улога во спорниот тендер и зошто веќе неколку дена Мицкоски молчи и не дава одговори на сите овие прашања“, рече Каевски на прес конференцијата во СДСМ.

Latest Posts

Не пропуштај