Последни написи

Колозова: „Францускиот предлог“ ги разоткри наводните поборници за интеграција во ЕУ кои многу брзо се откажуваат од неа и со тоа го поткопуваат демократскиот пат и стабилноста на Северна Македонија

Во својата колумна со наслов „Патот на Северна Македонија кон ЕУ е под закана од неочекуван актер“  за Ал Џезаира, професорката по философија и теорија на политиката Катерина Колозова истакнува дека голем дел од македонското граѓанско општество се приклучи кон десницата во отфрлањето на договорот со Софија и Брисел и тоа го оценува како опасно.

Откако македонската влада го одобри предлогот познат како „француски предлог“, а Софија го укина ветото, опозициските партии повикаа на масовни демонстрации и најавија дека ќе гласаат против измените во уставот за да се усогласат со одредбите на документот. Главната опозициска партија, исто така, објави дека ќе органнизира постапка за спроведување референдум за поништување на Договорот за добрососедски односи меѓу двете земји од 2017 година, кој беше отфрлен од парламентот – засега, пишува Колозова.

Разбирливо е дека опозицијата ја користи ситуацијата за да бара политички придобивки, но, во своето противење на „францускиот предлог“ и решението на спорот со Бугарија, ѝ се придружи голем дек од прогресивното и про-ЕУ граѓанско општество, нагласува Колозова и посочува дека тоа ја разоткри вознемирувачката реалност дека наводните поборници за интеграција во ЕУ многу брзо се откажуваат од неа и се залагаат за „алтернативи“ кои сигурно ќе го поткопаат демократскиот пат и стабилноста на Северна Македонија.

Колозова вели дека за да се разберат опасностите од оваа ситуација, важно е да се потсетиме како Северна Македонија стигна овде и ги повика читателите самите да го проучат „францускиот предлог“ за самите заклучат дека станува збор за стандарден, стерилен технократски документ кој бара помирување меѓу двете земји во име на добрососедските односи.

Точно е, вели Колозова, дека документот ѝ дозволува на Бугарија еднострано да ја оспорува посебноста на македонскиот јазик и евентуално да го прогласи за „бугарски дијалект“, но тоа никако не влијае на фактот дека ЕУ го признава македонскиот јазик и посебноста на националниот идентитет на Македонците, што е прилично јасно во предлогот.

Сепак, со кампањата со дезинформации опозицијата успеа да привлече наводни „неутрални“ и прозападни граѓански организации, кои исто така ги подигнаа транспарентите „НЕ за ЕУ“ и „НЕ за ЕУ ​​што сака да нè направи Бугари“.

Последниот слоган, смета Колозова, звучи комично, но беше употребен со сета сериозност – бројни тинк-тенкови објавија бројни анализи од овој вид, а некои дури почнаа јавно да се расправаат за алтернативите за членството во ЕУ, како што се евроазиското усогласување и регионалното уредување долж границите на поранешна Југославија.

Македонската академија на науките и уметностите, на пример, остро го отфрли „францускиот предлог“, но тоа не е изненадувачки, е на мислење Колозова, со оглед на тоа што, како што вели таа, МАНУ е вкоренета во атавистички „национален романтизам“ сличен на оној што Српската академија на науките го прифати во 1990-тите додека ги поддржуваше војните на Слободан Милошевиќ во поранешна Југославија.

Македонските интелектуалци и граѓанското општество кои се на страната на националистите, исто така, пишува Колозова, охрабрија некои реномирани странски научници и експерти за Југоисточна Европа и Западен Балкан да претпостават дека нивната позиција треба да биде вистинската кои зазедоа став на „силните бранители на Македонците“ без да ги прочитаат 25-те страници од документот, тврди Колозова во колумната за Ал Џезаира.

Колозова предупредува дека доколку Северна Македонија се повлече од договорот со Бугарија или не ги исполни своите обврски за признавање на правата на бугарското малцинство во уставот, тоа практично ќе го блокира нејзиниот пристап во ЕУ. И тоа нема да го предизвзика Бугарија, туку самиот Совет на ЕУ ќе го запре процесот поради непочитување на условите за преговори наведени во „францускиот предлог“ и заради  почитување на одредбите од Копенхашките критериуми.

Колозова укажува дека македонското општество се соочува со растечка ксенофобија кон Бугарија и бугарското малцинство во Северна Македонија, во комбинација со зголемениот евроскептицизам, со што се става во опасност целиот процес на проширување на ЕУ. Ако ова прашање остане без решение, демократскиот пат на Северна Македонија ќе биде силно поткопан.

Со оглед на денешната геополитичка реалност, смета Колозова, неутралноста за малите земји како Северна Македонија не е реална опција, па Скопје ќе се соочи со избор меѓу влез во ЕУ или евроазиска интеграција, односно на усогласување со Русија и Кина, што може да доведе до регионална нестабилност што би влијаела на цела Европа.

Колозова смета дека решението за оваа токсичност во срцето на македонската политичка култура треба да се реши со културното зближување меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и со иницијативата Отворен Балкан за која како следен чекор е да се отвори кон нејзините соседи членки на ЕУ Бугарија, Грција и Хрватска.

Извор: Ал Џезаира

Latest Posts

Не пропуштај