Последни написи

Научна студија: Говорот на омраза го поттикнуваат многу високи или екстремно ниските температури

Дали го имаме одговорот зошто во Македонија има толку многу говор на омраза?

Би било премногу едноставно за да биде единствената причина, но сепак, многу високите температури и екстремно ниските температури го поттикнуваат говорот на омраза, го пренесува овој заклучок угледната агенција Јунајтед Прес Интернешнл (UPI), кој произлегува од студијата „Влијанието на температурите на говорот на омраза: Докази од 4 милијарди геолоцирани твитови во САД“ (Temperature impacts on hate speech online: evidence from 4 billion geolocated tweets from the USA).

Редакцијата на Слободна Македонија дојде до студијата во која овој заклучок го изведуваат научниците од Потсдам инстиитутот за климатските влијанија (Potsdam Institute for Climate Impact) во Германија, во соработка со Институтот за физика на на Потсдам Универзитетот, со Опсерваторијата Ламнот-Доерти на Универзитетот Колумбија во САД и со Институтот за климатски промени Меркатор од Германија, откако со користење на вештачка интелигенција и геолокација идентификувале приближно 75 милиони твитови на омраза на англиски јазик како збир на податоци од повеќе од 4 милијарди твитови објавени во САД помеѓу 2014 и 2020 година.

Научниците во истражувањето се потпираа на официјалната дефиниција на ОН за говор на омраза: случаи на дискриминаторски јазик во врска со личност или група врз основа на нивната религија, етничка припадност, националност, раса, боја, потекло, пол или други фактори на идентитет.

Генерално, студијата покажа дека твитовите со омраза се зголемуваат со повисоки и пониски температури, но особено кога е потопло и со повисоки температури.

„Заклучивме дека луѓето имаат тенденција да покажуваат поагресивно онлајн однесување кога надвор е премногу ладно или премногу топло“, објаснува Аника Стечемесер од Потсдам инстиитутот за климатските влијанија (Potsdam Institute for Climate Impact).

Оваа новооткриена врска за влијанието на високите или нииските температури на порастот на говорот на омраза, научниците од истражувањето го поврзуваат со делувањето на климатските промени врз менталното здравје, особено кај младите луѓе и маргинализираните групи.

Леони Венц, водач на работната група во Институтот во Потсдам, кој ја водеше студијата, објасни дека резултатите го нагласуваат говорот на омраза на интернет како уште еден начин на кој климатските промени можат да влијаат на „цевкупната општествена кохезија“ и менталното здравје на луѓето.

Latest Posts

Не пропуштај