More

    Украинските власти пронајдоа масовна гробница кај Изјум

    По повлекувањето на руските војници од североисточниот украински град Изјум, што пред неколку дена беше повторно ослободен, украинските власти пронајдоа масовна гробница со повеќе од 440 тела, објави Ројтерс.

    Ова го потврдија локалните власти и за други медиуми, меѓу кои и главниот полициски истражител за регионот Харкив, Серхи Болвинов, кој за Скајњуз изјави дека ќе биде спроведена форензичка истрага за секое тело.

    – Можам да кажам дека тоа е еден од најголемите гробници во голем град во ослободените подрачја… На едно место се закопани 440 тела, рече Болвинов.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој пред два дена дојде во ненајавена посета на Изјум за да ги поздрави украинските војници, ја обвини Русија и го спореди откривањето на гробот со она што се случи во Буча, предградието на Киев, на почетокот на инвазијата на руските сили на крајот на февруари.

    Exit mobile version