More

    Хрватска започнува да го гради најголемиот батериски систем за складирање електрична енергија во југоисточна Европа

    Хрватска доби зелено светло од Брисел за грант од 19,8 милиони евра за да реализира домашен стартап за голем проект за складирање енергија, објави Balkan Green Energy News.

    Стартап компанијата IE-Energy, планира да изгради батериски систем за складирање електрична енергија од 50 MW, што значи дека ќе биде најголем во Југоисточна Европа.

    Европската Комисија го одобри грантот да се одржува континуирана рамнотежа помеѓу снабдувањето со електрична енергија од централите и побарувачката од потрошувачите и складираната електрична енергија да се користи кога е потребно како што е актуелната енергетска криза во Европа.

    Проектот придонесува и за модернизација на енергетската мрежа на Хрватска, како и за зголемување на енергетската безбедност на снабдувањето на земјата и ЕУ, истакнуваат од Владата на оваа земја.

    Во Југоисточна Европа сè уште нема складиште со таков капацитет како што е предвидено со овој проект, а во Турција се развива „батериски“ проект од 250 MW, со предвиден капацитет од 1 GWh.

    Батериските системи имаат важна улога во интеграцијата на обновливите извори на енергија, бидејќи снабдувањето со електрична енергија од ветерните и соларните паркови е нестабилно поради промените на временските услови, и складирањето на електричната енергија на тој начин е од огромно значење за баланисарање во случаи на недостиг на електрична енергија.

    Извор: Balkan Green Energy News

    Exit mobile version