Една од најмоќните компании во светoт „Дизни“, биле на чекор да ја купат социјалната мрежа Твитер во 2016 година, но се откажале од идејата заради предоминантниот „говор на омраза“ и ботовите, изјави за Њујорк пост тогашниот главен извршен директор Боб Ајгер.
Ајгер објасни дека тој лично го преиспитал пред-договорот затоа што „токсичниот дискурс“ на Твитер не бил во согласност со философијата на „Дизни“ која во светот на инфитејмент и индустријата на забавата е препознатлива по здравиот, семеен и добар бренд на компанијата.
Тој дополни дека Твитер би бил „феноменално“ дистрибутивно средство за „Дизни“, и дека компанијата долго време размислува да влезе во бизнисот на социјалните мрежи, но целиот говор на омраза и потенцијалот од ризици зад Твитер за компанијата бил премногу голем за да ја затворат зделката.
Извор: Њујорк пост