Последни написи

Автомобилот на Зеленски се судрил со друго возило, претседателот на Украина е без сериозни повреди

Автомобилот на украинскиот претседател Зеленски се судри со возило во Киев во средата, но не се здоби со поголеми повреди, објави прес секретарот Серхиј Никифоров на Фејсбук. Никифоров додаде дека полициските службеници ја истражуваат несреќата, пренесува денеска Цивилмедиа.

„Во Киев автомобил се судри со автомобилот на претседателот на Украина и возилата за придружба. Лекарите кои го придружуваа шефот на државата му пружија итна помош на возачот на автомобилот и го префрлија во амбулантно возило. Претседателот беше прегледан од лекар и не се констатирани сериозни повреди. Полицијата го истражува случајот“, напиша Никифоров.

Извор: Цивилмедиа

Latest Posts

Не пропуштај