Експлицитен говор на омраза на социјалните мрежи од „топлиот, мирољубив и гостопримлив“ македонски народ по објавувањето на веста дека претседателот на државата Стево Пендаровски и неговата сопруга ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета, објави Боби Илиевски на својот Фејсбук профил, пренесува Цивилмедиа.
Ваквите грозни коментари за жал добиваат поддршка од нивните истомисленици, а институциите не реагираат!
Но, кои се луѓето што му посакуваат смрт на претседателот Пендаровски?
Љупче Јошески коментира: „Да не се врати жив и здрав“.
Јошески во 2021 година беше кандидат за советник во општина Кривогаштани од редовите на Единствена Македонија (ЕМ), на Јанко Бачев. Тој покрај тоа што постојано објавува содржини против власта проследени со коментари јкои содржат говор на омраза, тој е и силен поддржувач на Путин.
Иван Велинов коментира: „Да си легне до нејзе да си легне и заедно да ги затрупаат, да не се врати“.
Велинов на својот Фејсбук профил постојано објавува „патриотски содржини“, до толку е „патриот“ што и насловната фотографија во еден пмомент си ја променил со ликот на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Тие што му посакуваат на претседателот Пендаровски „да легне до кралицата и да не се врати“, според објавите на нивните профили се работи за семејни луѓе кои имаат мали деца, се верници кои веруваат во Бог и луѓе кои не ја сакаат актуелната власт.
ЦИВИЛ го осудува ваквиот експлицитен говор на омраза и ги повикува надлежните институции да преземат мерки и да ги санкционираат мразачите. Ваквиот примитивизам не смее да остане неказнет!