More

    EUvsDisinfo: Успешната украинска контраофанзива ги разоткри пукнатините на руската пропагандата, но токсичниот говор на омраза сè уште преовладува

    Успешната украинска контраофанзива ги разоткри пукнатините во руската инфосфера, но пропагандата и токсичниот говор на омраза сè уште преовладуваат, заклучува денеска EUvsDisinfo во анализата војната на пропагандата после преземањето на иницијативата на теренот од страна на Украина.

    Извештаите за напредокот на Украина кај руските државно контролирани дезинформации и нивните експерти се чинеше дека, барем на почетокот, предизвика конфузија, па портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков се обиде да пренесе порака за „прегрупирање“ на руските сили во регионот Харков, посочува анализата.

    Сепак, дури и некои од најверните поддржувачи на „Специјалната воена операција“, како што Кремљ настојува да се нарекува војната во Украина, не беа импресионирани и побара објективна проценка

    Некои коментатори, презентира EUvsDisinfo, поставуваа тешки прашања во врска со состојбата на руските сили.

    EuvsDisinfo предупредува дека гласните јавни критики за спроведувањето на „Специјалната воена операција“ не треба да се прифатат како повици за запирање на војната затоа што и понатаму во најголем дел се полни со говор на омраза против Украина и нејзиниот народ.

    Exit mobile version