Последни написи

Вистиномер: Дезинформација е дека во Швајцарија ако го пријавите соседот дека се грее над 19 степени, ќе добиете 200 евра

Тимот на Вистиномер, што го спроведува Фондациијата Метаморфозис, објави рецензија со наслов „Наводен билборд, со кој се бара да го пријавите соседот ако се грее над 19 степени, е монтиран“, со која се потврдува дека не е вистина дека во Швајцарија постои билборд кој ги повикува граѓаните да пријавуваат доколку некој дома грее над 19 степени Целзиусови и дека за секое пријавување следува награда од 200 франци, што со таква содржина беа објавени во некои медиумските написи и Фејсбук постови во Македонија.

Вистиномер рецензираа пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува медиумски напис со наслов „Ако соседот загрева дома на повеќе од 19 степени, пријавете на број…!“ во кој пишува:

„Ова ли е таа Европа глобалната светска сила? За другар прашувам“, додека во уште еден пост на истата тема на Фејсбуксе вели:

Јееееј! Нам владата на нашата земја ни дозволила греење дури до 20 С, но си имаме и ние лица одговорни за “кодошење”.

Слава Украини!

Во медиумскиот напис што се споделува на оваа социјална мрежа пишува:

„Рекламен плакат во Швајцарија за „соработка“ со властите: ако соседот ја загрее куќата на повеќе од 19° C, тогаш можете да го пријавите по телефон и да добиете 200 франци. Како соседот би го дознал тоа, не е сосема јасно, ама…“

Во написот се споделува фотографија, односно билборд на кој се гледа жена како зборува на телефон, со текст: „Дали соседот го загрева станот над 19 степени? Ве молиме известете нè“, со напишан телефонски број за пријава на соседот. Фотографијата веќе ги обиколува социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, а се споделува и на Сигнал и на Телеграм.

Но, ништо од погоренаведеното не е вистина, утврди во својата рецензија Вистиномер

Имено, Симон Хуг, специјалист за комуникација во Министерството за енергетика, за швајцарскиот медиум „20 минути“ изјавува дека Владата нема никаква врска со овој повик, ниту пак со плакатот.

„Логото и телефонскиот број на конфедерацијата на плакатот се злоупотребени. Нема такви федерални плакати, ниту, пак, повикуваме да се оцрнат или пријават одредени лица. Владата веќе има покренато истрага за оваа злоуботреба“, вели Хуг.

Од Вистиномер исто така докажуваат дека и фотографијата на наводниот билборд со која се повикуваат граѓаните да  пријавуваатлесно може да се најде истата, како темплејт за билборд, на бесплатната веб-страна за фотографии, Freepik, како и да се препознае и дека позадината на наводниот билборд во Швајцарија е идентичен со онаа на бесплатниот темплејт.

Поради сето погоренаведено, Вистиномер оценува дека не е вистина дека во Швајцарија постои билборд кој ги повикува граѓаните да пријавуваат доколку некој дома грее над 19 степени Целзиусови и дека за секое пријавување следува награда од 200 франци.

Извор: Вистиномер

Latest Posts

Не пропуштај