More

    Репортери без граници: Расте бројот на приведени и осудени новинари во Русија почетокот на војната во Украина

    Репортери без граници (RSF) поднесоа жалба до Меѓународниот кривичен суд за случајот на Ирина Данилович, последната новинарка што беше обвинета во анектираниот Крим под обвинение за правење или поседување експлозиви.

    Во текот на постапката против неа, Ирина Данилович првично беше задржана 13 дена во подрумот на седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Симферопол од 29 април до 7 мај, додека нејзиното семејство не знаеше ништо за нејзината локација.

    Според нејзиниот адвокат, таа била подложена на полиграфски тестови со детектор за лаги и други форми на психолошки притисок додека била држена во целосна изолација, и ѝ ускратено правото на фер судење.

    „Морничавата серија на измислени обвиненија и нефер судења продолжува на Крим“, порача Жана Кавелиер, шеф на бирото на Репортери без граници за Источна Европа и Централна Азија.

    „Додека руската контрола врз вестите и информациите на окупираните територии достигна невидено ниво, ние поднесуваме жалба за руските власти да можат да одговараат за нивните злосторства против Ирина Данилович. Бараме нејзино итно ослободување“, соопштија од Репортери без граници.

    Нејзиното судење по обвинение за нелегално производство или поседување експлозиви започна на 22 август, но беше суспендирано до октомври. Таа ги негира сите обвиненија кои и се покренати, по кои и се заканува можна затворска казна од осум години.

    Данилович беше малтретирана со години – а особено во екот на пандемијата Ковид – поради откривање на сериозните проблеми со здравствениот систем на Крим на нејзината страница на Фејсбук и во нејзините извештаи за Радио Слободна Европа и други медиуми.

    Руското ФСБ ја приведуваше и претходно повеќе пати во 2016 и 2017 година, и по неколкудневни задржувања без обвинение ја пуштаа на слобода.

    Нејзиното судење сведочи за зголемување на репресијата на полуостровот Крим откако Русија ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари, се констатира во извештаите на Репортери без гграници.

    Досега најмалку 14 блогери и новинари на Крим – вклучително и Владислав Јесипенко, новинар осуден на шест години затвор под обвинение за „поседување и транспорт на експлозиви“, во моментов се наоѓаат во руските затвори, според организацијата за човекови права ЗМИНА.

    Последната жртва е Вилен Темерјанов, новинар уапсен на 11 август, кој е притворен во Симферопол под обвинение за учество во терористичка организација, за која е предвидена можна затворска казна од 20 години. Тој известуваше за политичките судења на Крим за Кримската солидарност, специјализирана веб страница којашто ја документираше политичка репресија на Ккрим, а претходно во затвор заврши и Ремзи Бекиров, осуден на 19 години затвор на 10 март со слично обвинение за тероризам.

    Извор: Репортери без граници

    Exit mobile version