More

    Ковачевски-Мицотакис: Соработуваме за енергетска независност и диверзификација на извори за снабдување со енергенси

    Премиерот Димитар Ковачевски во Атина оствари тет-а-тет средба со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис. На средбата во рамки на работната посета на Ковачевски во Атина, премиерите разговараа за последиците од енергетската криза во светски рамки и енормниот раст на цените на електричната енергија, информираат од Владата.
    Ковачевски и Мицотакис разговарале за состојбите и предизвиците со кои се соочуваат земјите во справување со светската енергетска криза.

    Двајцата премиери, констатирале дека регионалната соработка е од големо значење со особен акцент на важноста од соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас (ЛНГ) во Александропули, како и гасното поврзување помеѓу двете земји. Интерконекторот со Грција заедно со терминалот за течен гас (ЛНГ) во Александруполи не се само економски, туку и проекти од стратешко значење, било речено на средбата.

    Премиерите ги потврдија заложбите согласно планираното, најдоцна до средината на 2024 година да се обезбеди снабдување со гас од Грција и дека новиот терминал за течен гас (ЛНГ) во Александропули значи енергетска независност, ослободување од рускиот гас и диверзификација на изворите во едно исклучително кризно време.
    Извор: Влада
    Exit mobile version