More

    На украинската офанзива Русија возврати со бомбардирања на енергетската инфраструктура на Украина

    Еуроњуз утринава објави дека во текот на попладневните часови вчера, Русија извршила напади на електраните и други видови инфраструктура во Источна Украина, по што голем голем дел од територијата на тој регион остана без струја.

    Без струја беше и вториот најголем град во Украина, Харков, после пожарот што заради бомбардирањето беше предизвика во електрана на периферијата на градот, а во нападот било убиено едно лице.

    Покрај регионот околу Харков со недостаток на струја се соочил и Доњецкиот регион, а делумно без електрична енергија останале и делови од регионите Днепропетровск, Запорожје и Суми.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски нападите ги нарече „чин на тероризам“ бидејќи се насочени исклучиво кон цивилни инфраструктурни објекти.

    Медиумите јавуваат дека паралелно, целосно била изгасната и нуклеарната централа „Запорожје“, со цел да се спречи евентуална радиоактивна катастрофа откако во близина се водат жестоки борби, но информациите, ниту едно од исклучувањата на струја не биле поради гасењето на нуклеарната централа во Запорожје.

    Во текот на ноќта струјата била вратена во дел од регионите.

    Бомбардирањето на електраните доаѓа откако украинската војска претходниве денови изведе одлучен противнапад кој ги принуди руските војници да се повлечат од неколку стратешки важни позиции на источниот дел од Украина.

    Exit mobile version