Последни написи

Метаморфозис: Дезинформации и говор на омраза ја следат организацијата на Европрајд во Белград

Подготовките за организација и за спроведување на годинашниот Европрајд  во Белград уште од почетокот беа проследени со деизнформации и говор на омраза кон ЛГБТК+ заедницата и поддржувачите на човековите права во Србија, пишува во анализата на Фондацијата Метаморфозис за глобалната мрежа Глобал Војсис, интернационалната заедница на автори, преведувачи, членови на академската заедница и активисти за човекови права.

Во анализата се посочува дека српските екстремно десничарски политички партии и Српската православна црква го осудија настанот, повикуваа на забрана и организираа протести кои вклучуваа глорификација на рускиот претседател Владимир Путин како модел на „бранител на традиционалните вредности“.

Српската влада официјално најави „откажување“ на настанот, потсетува Метаморфозис, додека организаторите на Европрајд објавија демант, тврдејќи дека нема да се откаже и дека ќе започне на 12 септември, како што беше планирано.

Со свечено подигање на знамето пред Палатата Србија во Белград, тоа денеска навистина се случи, објавија денеска медиумите во Србија.

Фондацијата Метаморфозис во анализата ги пренесува сведочењата и настаните со кои се соочија организаторите и луѓето коишто го поддржуваат настанот и кои се соочија со закани на социјалните мрежи.

Активистот Марко Михајловиќ, еден од локалните организатори на Европрајд 2022, ги сподели своите ставови преку Твитер, сумирајќи ги искуствата од пошироката заедница.

„Уште кога бев тинејџер, не сум доживеал толку многу тешкотии да бидам геј. Толку омраза, закани и негирање на моето право да го живеам мојот живот достоинствено и еднакви права одамна не биле дел од јавниот дискурс. Не се срамам од тоа што сум, но по 15 години, загрижен сум за мојот живот во оваа земја…“, напиша Михајловиќ.

Михајловиќ, исто така, објави концизен преглед на наративите кои ја сочинуваат хомофобната пропаганда преку социјалните мрежи во однос на ЕвроПрајд и ЛГБТ+ заедницата, во која негативните коментари главно се однесуваат на:

  1. Негирање дека ЛГБТИ+ луѓето воопшто имаат проблеми [во Србија].
  2. Повици да останеме скриени зад 4 ѕида и да молчиме.
  3. Користењето на нашите уставно загарантирани човекови права е провокација.
  4. Дека за време на парадата ќе одиме голи и ќе имаме секс на улица.
  5. Повици на насилство.

Еден пример на дезинформации што направија големо влијание на социјалните мрежи е виралното видео на наводна српска мајка која вели дека се вратила во својата земја од државите Германија откако била казнета од германските власти затоа што одбила да го облече својот син во женска облека.

И покрај тоа што говорот на омраза е кривично дело според српскиот Кривичен законик, органите за спроведување на законот и судските институции ретко преземаат активности за санкционирање на сторителите. Сепак, извештаите на домашните и меѓународните институции кои го следат напредокот кон демократијата во Србија, постојано укажуваат дека државата „треба да се направи повеќе“за да се справи со употребата на говор на омраза со цел да се исполнат критериумите за членство во Европската унија.

Досега нема извештаи во медиумите за преземени институционални дејствија против сторителите на говор на омраза во врска со EuroPride 2022 во Белград, нотира Фондацијата Метаморфозис во анализата за Глобал Војсис.

Извор: Глобал Војсис

Latest Posts

Не пропуштај