Последни написи

Во Скопје се отвора „Алеја на Украина“

Денес, понеделник, 12.09.2022 година, во Центарот на Скопје, свечено ќе се отвори „Алејата на Украина“ (улица Никола Кљусев) и изложбата која го демонстрира уништеното културно наследство на Украина, информираат од Aмбасадата на Украина во Скопје.

„На 12.09.2022 година во 10:30 часот во центарот на Скопје Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, Амбасадорката на Украина Лариса Дир и Претседателот на Здружението на Украинците Олександр Урбанович свечено ќе ја отворат „Алејата на Украина“ (улица Никола Кљусев), како и изложбата која го демонстрира уништеното културно наследство на Украина“, стои во соопштението од Aмбасадата на Украина во Скопје.

Извор: Цивилмедиа

Latest Posts

Не пропуштај