Пред да обвинува, ВМРО ДПМНЕ да ја научи процедурата. Иницијативата не е стигната пред пратениците и оттука ваквите обвинувања се паушални, односно тенденциозни со цел ВМРО ДПМНЕ гласно да не го каже она што го знае, дека референдумот против ЕУ нема да успее, се истакнува во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Оваа реакција на СДСМ доаѓа откако претходно ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека владеачката партија веќе работи на отфрлање на иницијативата за референдум.
„Антимакедонската СДС подготвува план и тоа исплашени од народот, да ја отфрлат иницијативата за референдум. Свесни се дека над 60% од македонците го поддржуваат референдумот и би излегле на истиот, тие подготвуваат сценарио тој воопшто и да не се случи. Во таквото сценарио главна улога треба да одигра Талат Џафери, кој само ќе го спроведе даденото од Ковачевски“, изјави Миле Лефков, члена на ИК на партијата и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ во нивното соопштение им порачуваат на ВМРО-ДПМНЕ да ја научат процедурата, затоа што, како што наведуваат, иницијативата не е стигната пред пратениците и затоа ваквите обвинувања се тенденциозни со цел ВМРО-ДПМНЕ гласно да не го каже тоа што го знае, дека референдумот против ЕУ нема да успее.
„Ова покажува дека единствената цел Христијан Мицкоски е преку барањето за референдум да ја спасува својата фотелја и токму затоа секојдневно ја злоупотребува темата со паушални и неосновани обвинувања. Пратеничката група на СДСМ како и секогаш во изминатите години ќе постапи државнички, а ставот ќе го соопшти откако иницијативата ќе се најде пред пратениците“, стои во реакцијата на СДСМ.