More

    Украина ја доби „битката за иницијатива“, Русија сега треба да превенира поголеми загуби, тврди британското разузнавање и други познавачи

    Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своите разузнавачи за ситуацијата во Украина.

    Во последните 24 часа, украинските сили продолжија значително да напредуваат во регионот на Харков. Русија се повлече од областа, но борбите продолжуваат во близина на стратешки важните градови Изјум и Купјанск, се вели во извештајот, што го пренесува Цивилмедиа.

    Во исто време Њузвик пишува повикувајќи се на извори на Радио Слободна Европа дека вчера, во саботата, украинските сили направиле значаен прогрес и ги натерале руските војници да се повлечат и од Изјум и Купјанск, поголеми градови во овој регион

    – Русија спроведува стратегија на намерно дезинформирање за да избегне вина за кризата со храна, да ја дискредитира Украина и да го минимизира противењето на инвазијата на Украина, се вели во извештајот.

    И украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека украинската армија ослободила повеќе од 2.000 квадратни километри окупирана територија од почетокот на контранападот овој месец.

    Њузвик пренесе и пост објавен на социјалната мрежа Телеграм на поранешниот про-руски командир на сепаратистичките сили во Доњецк, Игор Гиркин, кој тврди дека украинската војска ја добила „битката за иницијатива“ и дека сега на Русите им останува да превениираат поголеми загуби.

    Од официјални извори од руска страна засега ниту ги демантираат, ниту ги потврдуваат овие наводи.

    Денеска руската новинска агенција РИА известува дека руските авиони уништиле повеќе упоришта на украинската војска во овој регион и дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ветил дека ќе ги врати под руска контрола ослободените градови во регионот Харкив.

    Извори: Цивилмедиа и Њузвик

    Exit mobile version