Последни написи

Скопски квир центар: Доколку некој ви пристапи и сподели дека има суицидни мисли, не го игнорирајте!

На светскиот ден на превенција од суицид, Скопски квир центар укажа дека “ЛГБТИ+ младите, поради поголемиот притисок, изложеност на насилство и неприфаќачка околина, според сите спроведени истражувања, се под поголем ризик за проблеми со менталното здравје, кои водат кон ризик од самоповредување и обиди за суицид.”

Мисијата на Скопски квир центар е континуирано обезбедување на бесплатни, доверливи и достапни услуги за ЛГБТИ+ луѓето:
„Доколку имате прашања или не сте сигурни дали ви е потребно советување, психотерапија или друг вид на услуга, можете да го контактирате нашиот тим кој ќе ви помогне да донесете одлука. А, доколку се чувствувате несигурно, повикот на Националната ЛГБТИ+ линија, можете да го направите без да го споделите вашето име, изложувајќи го само предизвикот и грижата со која се соочувате. Никогаш не сте сами!“.

Главната порака на Скопски квир центар е „Доколку некој ви пристапи и сподели дека има суицидни мисли, не го игнорирајте!“. Доколку е потребно итно реагирање при нечиј обид за самоубиство, јавете се во полиција (192), брза помош (194) или упатете итен повик (112).

 

Latest Posts

Не пропуштај